Се што сме создале во животот, сме го создале сами. Сме потрошиле многу време, енергија и љубов за од ништо да направиме нешто. Цигла по цигла, дел по дел сме создале нешто големо. Нешто наше. Токму затоа секој имот кој го имаме, без разлика колку е мал/голем, нов/стар-има непроценлива вредност. Токму поради тоа,најпаметна инвестиција за вашиот имот е да го осигурате. Но освен материјалната има уште една, уште поголема, додадена вредност – емотивна. И затоа од исклучителна важност е да се заштитиме, на најсигурен можен начин, од нивно оштетување или губење. Животот е неизвесен..Она што сте го создале е премногу скапоцено за неговата судбина да ја препуштите на случајот. Во време на неизвесности, осигурувањето на имот е најизвесниот начин да се заштитиме од губиток или штета.
Осигурувањето на станбени објекти и предмети во домаќинството е организирано во пакети на осигурување со кои е покриена штета поради уништување, исчезнување или оштетување на осигурените предмети, која ќе настане како последица на некоја од осигурените опасности – ризици.