|
Пакет домаќинско осигурување
Во зависност од опфатените ризици дефинирани се 3 пакети:
- Основен пакет - Стандарден пакет - Луксузен пакет
Осигурани опасности (ризици):
Основен пакет нуди покритие од пожар, удар на гром, експлозија, луња, град, паѓање на воздушни летала, манифетација и демонстрација, излевање на вода од водоводни и канализациони инсталациии од уредни цевки од топловодни инсталации(тесно покритие), удар на сопствено моторно возило, провална кражба и разбојништво, трошоци за нужно сместување и одговорност(тесно покритие)
Стандарден пакет нуди покритија од ризиците што се опфатени во основниот пакет и плус следните ризици: излевање на вода од водоводни и канализациони инсталациии од уредни цевки од топловодни инсталации(широко покритие), поплава порој и високи води, снежна лавина, лизгање и одронување на земјата, кршење на стакло на прозорците на станбениот објект, одговорност(пошироко покритие)
Луксузен пакет нуди покритија од ризиците што се опфатени во стандардниот пакет и плус следните ризици: излевање на вода од аквариум, тежина на снег, атмосверски води, удар на непознато моторно возило, удар од паѓање на дрво, вандализам, кршење на санитарии, трошоци за принудна селидба, трошоци за повторно изработување на уништените документи, изгубени и заклучени клучеви, одговорност(најшироко покритие)
Во случај на на настанување на штета од ризиците опфатени од било кој пакет на осигурување се покриваат и трошоците за:
- За чистење, рушење и одвезување поврзани за настанатиот штетен настан до износ од 3% од сумата на осигурување на објектот по штетен настан - Настанати поради интевенција на противпожарните бригади во осигурениот објект или во соседните објекти до износ од 3% од сумата на осигурување на објектот по штетен настан
Ако посебно се договори и е платена дополнителна премија, осигурувањето ја покрива и штетата на осигурените предмети предизвикана од земјотрес.
|