Незгода

ad

Имот
Незгода
Транспорт
Одговорност

Незгода


Ова осигурување опфаќа доброволно осигурување на лица од последици на несреќни случаи, при извршување на редовните работни задачи, но и надвор од тоа, како и при извршување на посебни дејности при што може да настане несреќен случај.
Што е несреќен случај?
Несреќен случај е секој случај кој е иден неочекуван и е независен од волјата на осигуреникот, предизвикан од надвор и нагло на телото на осигуреникот, а последиците му се - смрт, целосен или делумен индавлидитет, привремена или трајна неспособност за работа и нарушување на здравјето кое бара лекарска помош.

Што претставува осигурувањето од незгода?
Осигурувањето на работници од последици на несреќен случај (незгода) е осигурување, преку кое се ублажуваат економските последици од несреќните случаи на коиработникот е изложен, на работното место и во останатите активости со кои се бави во местото на живеење и при патување во текот на 24 часа, временски и просторно неограничено. Истата оваа определба на осигурувањето од незгода важи за сите индивидуално осигурани лица и други лица осигурани во група. При настанувањето, несреќните случаи најчесто се придружени со трајни последици, не ретки се и најтрагичните - смртните случаи, поради кои се јавуваат наголемени трошоци поради лекување, боледување и друго, а со тоа настануваат и економски последици за повредениот и неговото семејство. Ризици кои можат да се осигураат:

* Смрт од последици на несреќен случај
* Траен губиток на општата работна способност (траен инвалидитет)
* Привремена неспособност за работа како последица на несреќен случај - дневен надомест
* Трошоци за лекување како последица на несреќен случај

Видови осигурувања од незгода

* Колективно осигурување
* Индивидуално осигурување.