Животот е непредвидлив. Секојдневно справувајќи се со неизвесности од финансиска природа, на бизнисмените не им се потребни дополнителни ризици. За да ги сведе ризиците на минимум, една успешна компанија, мора да мисли однапред. А еден од начините да се смалат ризиците, е да се осигура целокупниот имот на компанијата. Иднината е неизвесна и никогаш не можеме да предвидиме што не очекува. Неприродни непогоди, незгоди од невнимание или пак кражби, сето тоа се ризици кои имаат огромно влијание врз целокупното работење на компанијата и предизвикуваат непроценлива штета. Затоа успешни бизнисмени се оние кои мислат однапред, кои ја дочекуваат иднината подготвени. Не секогаш Ризиците можат да се избегнат, но осигурувањето на имотот е секогаш најдобрата превентивна мерка и најисплатлива инвестиција.