Со осигурувањето на транспорт се обезбедува осигурителна заштита од ризици кои се идни и независни од волјата на осигуреникот, и неизвесни, а се случуваат врз стоката која се транспортира. Во зависност од видот на транспортното средство може да се осигура стока при:
• копнен транспорт, • воздушен транспорт, и • воден транспорт.
Домашен транспорт Со генерална полиса се осигуруваат сите пратки на стоки кои се превезуваат на ризик на осигуреникот со туѓи или сопствени средства на територијата на Република Македонија. Со поединечни полиси се осигуруваат поедини пратки по избор на осигуреникот, односно во сите оние случаи каде не се применува осигурувањето со генерална полиса. Обемот на покритие, односно осигурените ризици се: “сите ризици” освен некои специјални т.е. дополнителни ризици како: расипување; одмрзнување и слично (поточно сите ризици кои можат да се припишат како внатрешна маана односно својство на стоката), како и воени политички, ризици од штрајк, нуклеарна енергија и слично. Исклучените ризици можат исто така да се осигураат со посебна доплата.
Меѓународен транспорт Предмет на осигурување се сите извозни, увозни и реекспортни пратки, кои се превезуваат на ризик на осигуреникот (во согласност со договорениот паритет), со обем на покритие - осигурани ризици - според институтска карго клаузула А (содржински одговара на старата AAR) односно по избор на осигуреникот со можност за екстра попусти за континуиран, односно транспорт од поголем обем или истовремено осигурување на имот односно други видови осигурувања кај САВА осигурување.