Автомобилска одговорност

ad

ad

Пресметај премија

ad

Повикај агент

ad

Пријави штета

ad

Online осигурување

Автомобилска одговорност


Осигурување од автомобилска одговорност кон трети лица
Автомобилска одговорност или осигурување од одговорност од употреба на моторни возила подразбира осигурување на одговорноста на носителот на осигурувањето при сообраќајни незгоди за штети причинети на трети лица. Овој вид на осигурување, кое е задолжително со закон и се прави еднаш годишно при регистрацијата на возилото, ги обезбедува сите материјални и нематеријални штети во сообраќајните незгоди, и тоа за:

• телесни повреди, оштетување на здравјето или смрт
• уништување односно оштетување на материјални добра, освен оние кои се примени на превоз

Со овој вид осигурување не е осигурано ниту возилото ниту сопственикот на возилото, кој е всушност осигуреник или носител на осигурувањето.