Зелен картон

ad

ad

Пресметај премија

ad

Повикај агент

ad

Пријави штета

ad

Online осигурување

Зелен картон


За секое излегување од Република Македонија со возило, неопходно е за возилото да се обозбеди “зелен картон”, кој всушност претставува територијално проширување на полиса за осигурување од авто-одговорност во сите европски земји, членки на системот зелен картон. Доколку не поседувате зелен картон ќе треба да уплатите гранично осигурување, кое во основа е поскапо.

Доколку осигуреникот на
Сава Осигурување со своето моторно возило и по своја вина направи штета во странство, штетата ќе ја покрие нашата компанија, која е проверена и меѓународно признаена.

Доколку нашиот осигуреник претрпи штета при своето патување во странство, по вина на државјанин на матичната земја, истиот мора да обезбеди увид и записник од полиција, а потоа да поднесе директно оштетно барање до осигурителната компанија која го осигурала возилото кое ја причинило штетата и која треба да ја исплати отштетата. Во ваков случај нашиот оштетен осигуреник може да смета на помош од страна на нашата осигурителна компанија при обработката и наплатата на штетата.