Групација на која и припаѓаме

ad

Групација на која и припаѓаме


Во 1973 година секторот за реосигурување во тогаш постоечкото Осигурително Друштво Сава (Заваровалница Сава) го започна реосигурителниот бизнис, во 1977 година почна да се трансформира, а подоцна, во 1990 година, се обедини во акционерско друштво под името Позаваровалница Сава д.д. (“Сава Ре” или “Сава Друштво за Реосигурување”).

Ние сме најголемата Словенечка реосигурителна компанија и најголемата локално-стационирана реосигурителна компанија во Централна и Источна Европа, рангирана со А- на берзата Стандард & Поор’с. Преку нашата силна регионална позиција на пазарот, нашето 37-годишно искуство во реосигурување и нашите културни, историски и лингвистички афинитети со другите земји од Западен Балкан, особено со земјите од поранешна Југославија, добро сме запознаени со условите и ризик карактеристиките на овие пазари. Ние сме групација составена од десет реосигурителни компании, за неживотно и животно осигурување. Матичната компанија, Позаваровалница Сава д.д. (“Сава Ре” или “Сава Друштво за Реосигурување”) е основана и лоцирана во Љубљана (Словенија). Нашите девет осигурителни подружници се лоцирани во земјите од поранешна Југославија. Во 2009 година Групацијата пресмета бруто премии од над 250 милиони евра со дополнителен капитал во акции од 160 милиони евра (солвентен дел за матичната компанија: 306%). Во моментов имаме повеќе од 1.700 вработени.

Во 2006 година, со неживотното осигурување влеговме на пазарот во Косово и Србија со стекнување на мнозински удели во Дукагјини и Сава осигуранје (тогаш Полис осигурање), соодветно. Една година подоцна, се здобивме со мнозински удели во Сава Табак (тогаш Табак Осигурување) и Сава Монтенегро (тогаш Монтенегро осигурање), влегувајќи на Македонскиот и Црногорскиот пазар за неживотно осигурување.
Во 2008 година основавме компании за животно осигурување во Косово и Србија: Дукагјини Лифе односно Сава животно осигурање. Во 2009 од Заваровалница Марибор откупивме 100% од друштвото Велебит услуге, Хрватска, поголемиот дел од Велебит осигурањје и Велебит животно осигурање, обезбедувајќи присуство на Хрватскиот пазар за животно и неживотно осигурување.