Профил на компанијата

ad

Профил на компанијата


Како Ваш сигурен и стабилен партнер, Сава Осигурување АД Скопје секогаш Ви нуди производи креирани специјално за Вас и Вашите потреби. Токму поради тоа, исполнувањето на сите Ваши барања и потреби во рамките на осигурителниот сегмент е нашата основна цел. Ние веруваме дека задоволувањето на потребите на нашите клиенти бара не само познавање на сегментот во кој работиме, туку и голем број на правила и прописи во рамките на внатрешната организација на компанијата, кои се насочени кон подлабоко и поспецифично опслужување на нашите корисници.


Нашата посветеност кон перфекција, комбинирана со нашата мисија да обезбедиме најдобро решение на клиентите ни ја овозможи репутацијата која ја имаме денес. Сава Осигурување претставува една од водечките осигурителни компании во нашата држава, стратешки партнер со најголемата реосигирутелна компанија во Р. Словенија Сава Ре, со искуство од преку 15 години, со преку 40.000 осигуреници (над 3.000 правни лица и скоро 39.000 физички лица) и пазарен удел од 17,4%. Во текот на целиот овој период, максимално успешно го обезбедуваме комплетното портфолио на осигурителни услуги, со исклучителна посветеност и грижа кон сите свои клиенти и станавме дел од традицијата на македонската економија.


Во Сава Осигурување се грижиме да одговориме на Вашите бизнис потреби и на барањата на Вашите вработени и секогаш се стремиме кон креирање на понуди за унапредување на Вашиот бизнис. Затоа, Ви ги нудиме деталните информации за најновите производи и услуги на Сава Осигурување, како и посебните привилегии кои ги добивате како наш иден клиент.